5 кобни грешки што сите ги прават кога чистат со правосмукалка: Еве зошто остануваат нечистотии и прашина!

Престанете веднаш!

Дознајте кои грешки треба да ги одбегнувате кога користите правосмукалка

Чистењето со правосмукалка не е тешко, но сите правиме некои грешки поради кои не го чистиме домот како што треба.

Чекате кесичката на правосмукалката целосно да се наполни

Некои правосмукалки имаат индикатор кој покажува кога е потребно да се замени кесата за прашина. Меѓутоа, најдобро е самите да ја проверите и да ја замените кога ќе биде три-четвртини полна. На тој начин, правосмукалката секогаш силно ќе ја влече прашината. Доколку имате правосмукалка без кеса, не заборавајте да ги исчистите деловите на кои се насобрале нечистотии.

Чистите со валкан филтер

Правосмукалката нема ефикасно да ги отстрани алергените ако филтерот е полн со нечистотии. Нема потреба да го менувате филтерот толку често колку кесата, но ако изгледа истрошено или е многу нечист и искинат, време е да го замените.

Не користите приклучоци за правосмукалка

Секое чистење со правосмукалка подразбира и помошни приклучоци кои ќе го олеснат чистењето на мебелот, ламбите и потешко достапните места. Не дозволувајте овие вредни помошници да ви собираат прашина, туку искористете ги максимално.

Ја враќате жицата на електричниот кабел во правосмукалката, без да ја насочите

Многу луѓе по чистењето само го притискаат копчето на правосмукалката и го оставаат електричниот кабел сам да се врати на своето место. Но тоа е голема грешка! Имено, жицата може да закочи и да се заплетка, пред да успеете да ја вратите во правосмукалката или да ја извлечете. Секогаш држете ја жицата во рака и така насочувајте ја правилно да се врати на своето место.

Не ги чистите четките на правосмукалката од насобраните влакна

Насобраните влакна на четките можат да го уништат моторот на правосмукалката. Затоа, секогаш по користењето на правосмукалката, отстранете го отпадот што се заплеткал на четките.

Генијален трик за чистење прашина што го запали Интернетот: Направете го ова и прашината ќе исчезне без трага! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.