Два јасни и непогрешливи сигнали дека тој не е вљубен: Знаци што покажуваат дека вашиот партнер не се грижи за вас!

Препознајте ги неговите намери навреме

Кога сте во среќна врска со некој кој навистина сака да биде со вас, логично е дека тој секогаш и насекаде ќе зборува за вас како пар

Секако дека ова не е единствениот знак дека сте во добра врска, но на добар пат сте таквиот однос да порасне во нешто повеќе.

Меѓутоа, што ако тој ни по некое време не ве ставил во контекст на „ние двајца“, дали треба да ви се запали црвеното светло? Дали тоа значи дека тој сè уште не го дефинирал вашиот однос или не сака да го дефинира, бидејќи вие сте негова резерва? Ако се сомневате во тоа, најдобро е да се обидете отворено да разговарате со него.

Пред разговорот, препознајте дали губите време со него. Доколку често ги прави следниве две работи, работите се прилично очигледни.

Никогаш нема време

Секако дека сите имаме свои обврски и не е крајот на светот ако ви откаже рандеву, бидејќи е уморен или му излегло нешто. Меѓутоа, она што би требало да ве загрижи е ако тој има доволно време за сите останати, освен за вашата врска. Ако сте му на последно место, подобро е веднаш да си заминете, бидејќи тешко дека некогаш ќе заземете некое од местата на врвот.

Не го интересира како сте го поминале денот

Кога некој се грижи за вас, сака да знае како сте го поминале денот и го интересира секоја ситница. Тоа, помеѓу другото, ви покажува дека му значите и дека сака да биде дел од вашето секојдневје. Ако сето тоа изостанува, можеби вие сте само резервен играч, па затоа не се ни труди.

Доколку ја препознавте вашата врска во овие ситуации, не би било лошо прво да разговарате со него околу тоа и да ја расчистите ситуацијата. Ако се потврди дека навистина сте му само резерва, дајте си шанса да најдете човек кому ќе му бидете прва и единствена опција – а никако резерва или втор план, бидејќи тоа никако не го заслужувате.

Дали често се расправате за ситници? Еве зошто тоа е лошо за вашата врска
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.