Не ги игнорирајте овие симптоми: Ова се првите знаци на рак на јајчници!
Животот ви зависи од брзината со која ќе реагирате!
Ова е еден од најподмолните форми на карцином, а времето игра клучна улога во излекувањето
Карциномот на јајчници е еден од честите малигнитети што се јавуваат кај жените. Иако методите на лекување значајно се напреднати, сè уште има висок процент на смртни случаи, особено кај жените кај кои карциномот е откриен во напреднат стадиум. Кај карциномот на јајчници што се открива во рана фаза, резултатот од третманот е значајно подобар, со поголем процент на преживување.
Симптомите на карцином на јајчници вклучуваат:
- Подуеност или чувство на притисок во стомакот
- Болка во стомакот или карлицата
- Брза појава на ситост во текот на оброкот
- Зачестено мокрење
Сите овие симптоми можат да се јават и кај некои други безопасни проблеми. Па затоа, доколку забележите вакви симптоми, неопходно е да спроведете понатамошни истражувања, за да се утврди вистинската причина.
Стадиуми на развој на карцином на јајчници:
- Прв стадиум: карциномот зафаќа еден или двата јајчници, но не дошло до ширење надвор од ткивото на јајчниците.
- Втор стадиум: карциномот се проширил на матката или околните органи со кои јајчниците се во близок контакт.
- Трет стадиум: карциномот се проширил и во лимфните жлезди.
- Четврти стадиум: во овој стадиум постојат и оддалечени метастази во органите надвор од малата карлица (најчесто во белите дробови или во црниот дроб).
Успешноста на лекувањето карцином на јајчници зависи од видот на карцином, стадиумот на развојот и општата состојба на пациентката. Раното откривање карцином, додека тој е локализиран само во ткивото на јајчниците, дава најдобри шанси за успешно лечење. Сепак, и покрај сите досега познати методи на лечење, процентот на смртност е значително висок.
Токму од таа причина, навременото одење на преглед кај лекар специјалист по гинекологија е од витално значење, бидејќи што порано се открие, тоа поголеми се шансите за целосно излекување на оваа опасна болест.