Не ги игнорирајте овие симптоми: Ова се првите знаци на рак на јајчници!

Животот ви зависи од брзината со која ќе реагирате!

Ова е еден од најподмолните форми на карцином, а времето игра клучна улога во излекувањето

Карциномот на јајчници е еден од честите малигнитети што се јавуваат кај жените. Иако методите на лекување значајно се напреднати, сè уште има висок процент на смртни случаи, особено кај жените кај кои карциномот е откриен во напреднат стадиум. Кај карциномот на јајчници што се открива во рана фаза, резултатот од третманот е значајно подобар, со поголем процент на преживување.

Симптомите на карцином на јајчници вклучуваат:
  • Подуеност или чувство на притисок во стомакот
  • Болка во стомакот или карлицата
  • Брза појава на ситост во текот на оброкот
  • Зачестено мокрење

Сите овие симптоми можат да се јават и кај некои други безопасни проблеми. Па затоа, доколку забележите вакви симптоми, неопходно е да спроведете понатамошни истражувања, за да се утврди вистинската причина.

Стадиуми на развој на карцином на јајчници:
  • Прв стадиум: карциномот зафаќа еден или двата јајчници, но не дошло до ширење надвор од ткивото на јајчниците.
  • Втор стадиум: карциномот се проширил на матката или околните органи со кои јајчниците се во близок контакт.
  • Трет стадиум: карциномот се проширил и во лимфните жлезди.
  • Четврти стадиум: во овој стадиум постојат и оддалечени метастази во органите надвор од малата карлица (најчесто во белите дробови или во црниот дроб).

Успешноста на лекувањето карцином на јајчници зависи од видот на карцином, стадиумот на развојот и општата состојба на пациентката. Раното откривање карцином, додека тој е локализиран само во ткивото на јајчниците, дава најдобри шанси за успешно лечење. Сепак, и покрај сите досега познати методи на лечење, процентот на смртност е значително висок.

Токму од таа причина, навременото одење на преглед кај лекар специјалист по гинекологија е од витално значење, бидејќи што порано се открие, тоа поголеми се шансите за целосно излекување на оваа опасна болест.

Најтешко е да се открие рак на јајчници: Ако забележите кој било од овие симптоми, веднаш одете на лекар!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.