Вкусот на летото: Во продажба е новиот број на магазинот „Добра храна“

Сити и вити

Со секој примерок ќе добиете и слатко изненадување од „Виталиа“

Овошје и зеленчук во изобилство, лесни оброци и сладолед како десерт – не е ни чудо што летото на многумина им е омиленото годишно време. Оваа сезона нуди еден куп креативни можности за искусните готвачи, но и поволности за развој на вештините за оние што не се снаоѓаат баш најдобро во кујна. Ве охрабруваме да пробате!

Не можете да згрешите со јадењата богати со зеленчук – сега е време да експериментирате со специјалитети од тиквички или модри патлиџани.

Ако сте за нешто слатко, засладете си ги летните денови со вкусен десерт – ви ги откриваме слаткарските трикови за совршени вафли.

А и нашите гастро-мајстори, покрај солени, приготвија и разновидни благи задоволства.

Зошто да не ги зачувате овошните плодови за во зима, во форма на неодоливи џемови? Веруваме дека целото семејство ќе ви биде благодарно!

Без разлика дали сте кулинарски експерти или почетници, нашиот мал прирачник за храна, кој отсега содржи двојно повеќе рецепти придружени со детални упатства за готвење чекор по чекор, несомнено ќе ви помогне целосно да уживате во вкусовите на летото!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.