Што откриваат нашите сексуални фантазии за нас?

Истражување открива

Кога фантазирате за сексот, дали се појавувате во своите фантазии? Ако е така, дали се појавувате како во реалниот живот или се менувате на некој начин?

Џастин Ј. Лемилер, американски социјален психолог студирал сексуални фантазии кај 4.175 Американци од 50 држави за својата книга „Кажи ми што сакаш”, а една од многуте работи што ги проучувал бил начинот на кој се гледаме себеси.

Открил дека многу луѓе во нивните фантазии менуваат некој аспект кај себе, како што се телото, гениталиите или нивната личност. Сепак, тој открил дека различни луѓе се менуваат на многу различни начини и дека овие промени кажуваат нешто важно за нив. Освен за нас, овие промени кажуваат и нешто за нашата култура.

„Кога ги прашав луѓето дали барем некое време се појавуваат во нивните фантазии, скоро сите (97,1 процент) одговориле со „д “. Повеќето луѓе рекоа дека поголемиот дел од времето се појавуваат во своите фантазии“, рече Лемилер.

Додека повеќето од нас се појавуваат во свои фантазии, повеќето исто така гледаат малку поинаква верзија од самите себе отколку што постои во реалноста.

„Повеќето луѓе рекоа дека тие го промениле обликот на телото или карактерот или својата сексуална улога. Скоро половина, исто така, изјавиле дека тие ја промениле староста, стануваат помлади или постари верзии“, објасни Лемилер, кој исто така откри дека различните типови на луѓе се менуваат на различни начини. Тој забележал дека постојат разлики помеѓу полот и сексуалната ориентација.

Дали некогаш сте се запрашале колку водење љубов е нормално?

На пример, самоидентификуваните жени (личното чувство на секоја личност да се идентификуваат како машки или женски) ги менувале своите тела почесто од самоидентификувани мажи. Сепак, хомосексуалните и бисексуалните мажи ги менуваа своите тела почесто од хетеросексуалните мажи.

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.