Најздравиот оброк на светот: Го чува здравјето на срцето, го регулира холестеролот и ги топи маснотиите!

Вкусно и здраво

И нутриционисти го препорачуваат овој оброк

Основната состојка на овој оброк е авокадо, а познато е дека тоа нуди безброј придобивки за телото. Ако барем три пати неделно го консумирате овој оброк, како вечера, здравјето ќе ви биде на завидно ниво, а ќе забележите позитивни ефекти и на линијата.

Авокадото на телото му обезбедува доволна количина на витамини и минерали и долго ќе ве држи сити.

Авокадото содржи витамини К, Ц, Б1, Б6 и Е, како и калиум, магнезиум, манган, бакар, железо, цинк и фосфор. Во 100 грама плод има 160 калории, 2 грама протеини, 15 грама здрави масти, а не содржи холестерол и натриум, па нутриционистите препорачуваат дека овој производ мора да се најде редовно на менито.

Поради својот состав го подобрува здравјето на срцето, го чува видот и го намалува нивото на триглицериди и холестерол во крвта. Со научно истражување утврдено е дека обезбедува чувство на ситост во наредните 5 часа, а благодарение на големата количина на влакна, помага и во разградбата на масни наслаги.

За приготвување на овој супер-оброк, потребно е:

  • 1 шолја преполовени шери домати
  • 1 шолја исечкана моцарела
  • 1/4 шолја листови свеж босилек
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 1 изгмечено авокадо
  • 4 резанки интегрален леб
Приготвување:

Помешајте ги доматите, моцарелата, босилекот со лажица маслиново масло и посолете и забиберите. Оставете го на собна температура 25 минути. Истостирајте го лебот, па премачкајте го со авокадо, а одозгора нанесете ја мешавината што сте ја приготвиле и која отстојала на собна температура.

Добар апетит!

Најздравиот оброк на светот: Ваквиот ручек го чува здравјето и ги топи килограмите за рекордно време!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.