Купувајте облека според бојата на косата: Тука лежи тајната на совршениот стајлинг!

Прочитајте ги овие совети

Дознајте кои бои треба да ги одбегнувате по секоја цена, а кои се секогаш добредојдени

Освен што влијае врз изгледот и младоликоста, фризурата има големо влијание и врз целосниот изглед на вашиот стајлинг. Тајната е во тоа што токму од бојата на косата зависи дали одредени нијанси на облека ви стојат или не.

Еве кои бои треба да ги носите во согласност со вашата боја на коса…

Темно кафена коса

https://www.instagram.com/p/CC0dhaBBOwE/?utm_source=ig_embed

Вашата нијанса се смета за заситена, па за вас најдобри се впечатливи и исто така заситени бои: силна розова, црвена и тиркизна боја. Неутралните бои што се најдобри за вас се црна, сива и бела. Кога станува збор за дезените, носете ги внимателно.

Одбегнувајте  беж нијанси, бидејќи во нив ќе изгледате потполно безизразно. И пастелните бои одбирајте ги внимателно. Единствен исклучок се жените со темна боја на кожата, на кои одлично им стои розова, боја на праска, нијанса на лаванда, па дури и неонска боја.

Светло кафени и русокоси

https://www.instagram.com/p/CCrBG4FoVWh/?utm_source=ig_embed

Русата коса изгледа феноменално кога ќе облечете нешто тегет и камел. Сите земјени тонови се идеални за русокосите, како и пастелните нијанси како светлосина, розова и боја на праска. Кога станува збор за дезените, одбирајте поситни дезени.

Црната боја не е најдобар избор за вас, подобро е да ја замените со тегет нијанса.

Сива и платинесторуса

Полн погодок за оваа нијанса на косата се сивата и сребрена, како и црната и белата, одличен избор се и богатите бои како морнарско сина и виолетова, сафирно сина и рубин црвена.

Одбегнувајте боја на слонова коска, нијанси на шампањ, како и зелена боја.

Црвенокоси

Вашата боја на коса не е неутрална, напротив, богата е и смела, па морате да бидете внимателни со гардеробата за да не претерате. Наместо црна, носете сина, бидејќи е комплементарна на црвената, па ќе ви стои совршено. Слободно носете и светли земјени тонови, како боја на чоколадо, корална, резеда и камел, но и вашата најсилна боја – зелена.

Кога станува збор за боите што треба да ги одбегнувате, на прво место е црната, а потоа и пастелните нијанси.

Црна коса

Црна, бела, сина, виолетова, црвена, зелена и сите можни дезени се добредојдени кај вас. Од друга страна, одбегнувајте облека со бледи бои. Единствен исклучок се светлите пастелни нијанси, кои прават вистински контраст со вашата темна коса.

Вака се носи бела боја летово: 5 најубави стајлинзи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.