Како да ја уредите дневната соба за да изгледа поголема и полуксузна: 7 одлични трикови!

Погледнете

Не ви требаат големи инвестиции

Ако вашата дневна соба е со скромни димензии, послужете се со едноставни трикови при уредувањето на оваа просторија и ќе забележите како истиот простор може да изгледа поудобно и попространо.

Кога ќе опремувате мала дневна соба, мора да имате на ум дека не можете во неа да сместите буквално сè што ќе ви се допадне – повеќето дневни соби имаат софа и фотелји, масичка, комода, телевизор и евентуално табуретки, а кога ќе почнете да додавате слики, фотографии, разни декоративни предмети, ламби, тапети, дезени и бои, вашата соба почнува да изгледа сè помала и помала.

За да ја уредите собата на најдобар начин, одберете соодветен мебел и создадете илузија на поголем простор, а еве и како…

1. Одберете двосед

Ако живеете сами или со партнерот, наместо тросед или гарнитура, одберете двосед кој е сосема доволен за да одговори на вашите потреби. Покрај удобна софа и мала масичка, просторот за седење дополнете го со фотелја со помали димензии.

https://www.instagram.com/p/CDJ0FvOpcKk/?utm_source=ig_embed

2. Држете се до светлите бои

Класичната, но секогаш ефектна бела боја е проверено решение за мали простории. Најчесто, ѕидовите се бојосуваат во бела или беж, меѓутоа дури и ако ѕидот е нагласен, доколку одберете светла нијанса за мебелот и тепихот, собата повторно ќе изгледа посвежо, поотворено и посветло.

3. Одберете мебел со видливи ногарки

Мебелот кој лежи на ногарки визуелно го отвора просторот и го прави прозрачен. Просторот под софата или фотелјата оставете го слободен или, пак, искористете го за одложување работи по потреба. Кога ќе ви затреба дополнителен простор за одложување вишок предмети или покривачи, овој простор ќе ви биде драгоцен – поставете украсна корпа, кутија или гајбичка и проблемот е решен.

https://www.instagram.com/p/CDL_9_2JZjY/?utm_source=ig_embed

4. Поставете високи полици

Искористете ги празните агли во просторијата и поставете тесни полици кои се издигнуваат речиси до таванот. Покрај тоа што ќе ви обезбедат дополнителен простор за одложување, отворените полици служат и како декорација, додека нивната висина ќе создаде илузија на поголем простор.

5. Минимализам

Размислете дали ви треба сè што имате во просторијата. Дневната соба не мора да има комода. Па дури ни софа. Ако дневната соба најмногу ја користите за читање или работа, одберете функционален мебел, како, на пример, удобни фотелји и соодветна маса. Ако, пак, клуб-масичката ви прави проблем, решение е помошната масичка која не зазема многу место.

https://www.instagram.com/p/CDL_cbcpYds/?utm_source=ig_embed

6. Закачете билки

Наместо да го зафаќате корисниот простор на подот, комодата или масата, користете висечки корпи за да ги подигнете саксиите и ќе добиете повеќе слободен и чист простор.

7. Стаклена клуб-масичка

Масичката со проѕирна плоча ќе направи централниот дел на просторијата да изгледа поголем и порастоварен. За модерен изглед, додајте книги, магазини или некој декоративен предмет на долната плоча на масата.

30 идеи за уредување на дневната соба
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.