Турско ѓозлеме: Еве зошто целиот свет со задоволство ја јаде оваа пита од тавче! (ВИДЕО)

Меко полнето тесто

Истражете ја турската кујна и запознајте се со нови вкусови

Состојки:
  • квасец
  • 250 мл вода
  • 390 г брашно
  • 1/4 супена лажица сол
  • 1 лажица масло
  • 2 лажици јогурт

За филот:

  • 400 г спанаќ
  • 200 г гета-сирење
  • 100 г кашкавал
  • 1 главица кромид
  • чили
  • лук во прав
Приготвување:

Активирајте го квасецот во малку млака вода. Додајте брашно, сол, масло, јогурт, па сето тоа измешајте го правејќи мазно тесто.

Оставете го тестото да нарасне. Додека чекате тестото да се удвои, пригответе го филот. Филот го приготвуваме така што кратко го вариме спанаќот, добро го цедиме и ситно го сечкаме. Додаваме здробено фета-сирење, изрендан кашкавал, ситно сечкана главица кромид, малку мелена чили-пиперка, малку прав од лук и сето тоа го мешаме додека се соедини.

Потоа, премесете го тестото со малку брашно, па поделете го на 6 еднакви дела.

Расукајте ги топчињата колку што можете, во средина ставете фил, па преклопете за да добиете лепиња или правоаголно тесто. На средина на загреано тавче сипете малку масло, па пржете ги лепчињата 4 минути од едната, па од другата страна. Послужете ги топли.

Погледнете го следново видео за подетални инструкции…

Султански кебап: Турско јадење за кое сите ќе ви го бараат рецептот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.