Мочната киселина може да ги оштети коските, зглобовите, срцето и бубрезите: Еве како да го заштитите телото!
Потребни ви се 5 намирници
При варењето на храната, се формира мочна киселина во организмот – органско соединение на база на пурин. Ако е присутна во мала количина, ја одржува функцијата на нервниот систем и на некои делови од мозокот, но ако има вишок, доаѓа до оштетување на ткивата на зглобовите, стомакот, црниот дроб, се развива гихт и други болести
Ако дојде до високо ниво на мочна киселина во телото, храната е таа што помага параметрите да се вратат во нормала. Корисните зеленчук и овошје не содржат пурин, па брзо ја подобруваат состојбата во случај на гихт, хипертензија и бубрежни болести.
Која е опасноста од мочната киселина?
Во текот на варењето протеински киселини или во случај на неухранетост, се акумулира голема количина на мочна киселина во организмот. Таа обично се излачува преку урината и изметот, но кога има вишок, дел од ова пуринско соединение се таложи на зглобовите. Ова е една од главните причини за гихт, камен во бубрег и артериска хипертензија.
Главни причини за создавање вишок мочна киселина се:
- вишок килограми
- лоша исхрана
- консумирање многу благо
- алкохолизам
- нус-појави на диуретиците
Храна што ја регулира мочната киселина:
За почеток, откажете се од чадено месо, сите видови црвено месо, газирани и слатки пијалаци, алкохол и слично.
Другата фаза е да вклучите зеленчукови супи во исхраната, кои активно ги отстрануваат вишокот мочни киселини.
Намирници за отстранување мочна киселина:
- лук, кромид, праз, власец и слично
- артичока
- тиква
- целер
- морков
- цреши
Консумирањето зеленчук е главно и основно правило за сите лица што имаат проблеми со мочната киселина. Благодарение на влакната и на антиоксидансите, се отстрануваат штетните соединенија, се уништуваат кристалите и се спречуваат болестите на зглобовите и крвните садови.