4 сигнали дека на вашиот организам му е потребно чистење

Не занемарувајте ги!

Детоксикацијата на организмот е неопходна за да го исчисти организмот од натрупаните отрови, за да можеме да се одмориме и да закрепнеме.

Четири сигнали дека на вашиот организам му е потребен детокс:

ВИ НЕДОСТИГА ЕНЕРГИЈА

Ако спиете доволно, но се будите премалени, можеби е време да почнете со детокс затоа што отровите во вашиот организам можат да ве лишат од енергија. Со детоксикацијата ќе ги исфрлите од вашето тело и ќе се почувствувате полесни и посилни.

НЕ МОЖЕТЕ ДА ОСЛАБИТЕ

Доколку напорно работевте на губењето килограми, но не гледате резултати, можно е да се виновни отровите во вашиот организам. Она што би требало да јадете во тој случај се свеж спанаќ, морков, краставица, домати, авокадо и семки од чиа.

ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ СО КОЖАТА

Ненадејно ви се појавиле исип и мозолчиња, што не е вообичаено за вас. Можно е кожата да ви е толку многу сува, а причинителот да доаѓа однатре. Особено ако не пиете доволно вода, пушите и консумирате алкохол.

НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗАСПИЕТЕ

Кога телото е полно со отрови, тоа и понатаму се бори да ги извршува своите функции ефикасно. А токму тоа може да влијае врз сонот. Детоксот ќе овозможи вашето тело да биде во хармонија со природата и да функционира нормално.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.