5 НАВИКИ што водат до ДИЈАБЕТЕС

Навреме обрнете внимание!

Фото: Getty Images

Вадете ја кожичката од пилешкото месо, времето поминато пред телевизор заменете го со прошетка, слатко јадете само еднаш неделно и трудете се да не се нервирате за работи што може да се решат… Во тој случај дијабетесот нема да ве стигне.

1 ГРИЖА И СТРЕС ЗА ДРЕБОЛИИ

Хормонот кортизол, кој се лачи за време на стрес, негативно влијае на нивото глукоза во крвта, предизвикува несоница и го ослабува имунитетот, што исто така може да предизвика дијабетес.

Што да правите? Сите знаеме дека причината за стрес не е секогаш лесно да се отстрани. Но, за да го минимизирате неговото влијание, правете какви било вежби за релаксација и пијте средства за смирување. Едно е сигурно – стресот можете да го отстраните или ублажите, а дијабетесот трае доживотно.

2 ТЕЛЕВИЗОР НАМЕСТО СОН

Многу научници епидемијата на дебелина и дијабетес во целиот свет ја доведуваат во врска со лошиот ритам на современиот живот, кога за целовечерен сон не останува време… Не само што несоницата го поткопува имунитетот туку и го забавува метаболизмот – а како последица на тоа престанува адекватно да се регулира содржината на шеќер во крвта.

Што да правите? Потрудете се да спиете најмалку седум часа, не одвојувајте го тоа време за работа што не сте успеале да ја завршите во текот на денот или, уште полошо, за гледање телевизија, сурфање на Интернет или играње игри на компјутер.

Фото: Getty Images

3 ЉУБОВ СПРЕМА ПЕЧИВА

Простите јаглехидрати организмот ги усвојува веднаш и поради тоа доаѓа до нагло скокање на шеќерот во крвта. А тоа доведува и до вишок килограми, што исто така не му е од корист на организмот, туку напротив.

Што да правите? Откажете се или намалете го количеството производи со висок гликемиски индекс: шеќер и сѐ што го содржи, печиво од бело брашно и компир. Многу прости јаглехидрати има и во слатките плодови од овошјето, сувото овошје, медот… Со овие намирници можете да се почестите само понекогаш, еднаш-двапати неделно, и тоа во умерени количества.

Ќе ви користат:

▪ производи од брашно од цело зрно од житарки;

▪ овошје со ниска содржина фруктоза (киви, грејпфрут, круши);

▪ трици;

▪ мешунки;

▪ зеленчук (освен компир);

▪ житарки (освен пченица и бел ориз).

4 АФИНИТЕТ СПРЕМА МРСНО

Многумина често уживаат во мрсна храна, пржени деликатеси и месни преработки. Мрсните производи ги нарушуваат метаболичките процеси, поттикнувајќи го на тој начин развојот на дијабетес.

Што да правите? Ограничете ги мастите од животинско потекло: сало, путер, свинско месо. Кожата од пилешкото месо отстранувајте ја во текот на приготвувањето.

5 ЖИВОТ НА КАУЧ

Малку движење – тоа е директен пат кон дебелина и дијабетес. Физичката активност е потребна не само заради згодна фигура туку и заради здравје. Благодарение на неа, се снижува нивото на глукоза во крвта и клетките подобро ја усвојуваат.

Што да правите? Сосема е непотребно да се практикуваат исцрпувачки тренинзи. Доволно е лесно загревање еднаш дневно (на пример, утринска гимнастика) и редовни прошетки.

Текст: Аља Корољева, интернистка, Гродно

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.