Врвно предјадење: Лиснати полжавчиња со сирење

Закуска за брзо време

Освен што можете да ги приготвите како предјадење, овие полжавчиња се одлични и за појадок или вечера

Ќе ви треба околу еден час за да ги приготвите овие лиснати полжавчиња, а ќе добиете предјадење за четири лица. Пробајте ги!

Состојки:
  • 500 г лиснато тесто
  • 300 г сирење
  • 1 китка магдонос
  • 4 чешниња лук
  • 150 г путер
  • сол
Приготвување:
  • Префрлете го лиснатото тесто на набрашнета работна масичка, а потоа исучете го со сукало во два правоаголника со дебелина од 3 мм.
  • Секој правоаголник исечете го надолжно на четири ленти.
  • Крупно изрендајте го сирењето, па по средината на секоја лента од тестото ставете малку сирење. Залепете ги рабовите на тестото со прсти, па добиените витки замотајте ги во круг, да добиете изглед на полжав.
  • Ситно исечкајте го магдоносот, па измешајте го со пасираниот лук и со растопениот путер. Додајте малку сол по желба и промешајте.
  • Обликуваните полжавчиња наредете ги во плех за печење. Премачкајте ги со смесата од магдонос и лук, па посипете ги со остатокот од сирењето.
  • Печете ги во рерна загреана на 200 степени Целзиусови додека поруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.