Најголемите физички и психички придобивки што ќе ги иксусите по вежбање јога

Според студијата од 2011 година објавена во „Меѓународниот весник за јога”, вежбањето јога може да го подобри вашиот крвен притисок, да ги исчисти органите, да ја намали напнатоста на телото и да го намали нивото на стрес. Заедно, овие резултати можат значително да ги намалат шансите за развој на болести и состојби како што се хипертензија, хронична болка, па дури и карцином.

Ја подобрува физичката кондиција

Една од најпознатите придобивки од јогата е тоа што ја подобрува физичката кондиција преку зголемена флексибилност и јачина на мускулите. Иако секоја поза гарантира голем број придобивки, се користат специјални инверзии за насочување на одредени придобивки.

  • Исправете ги и истегнете ги тетивите стоејќи во позиција „куче“, позиција „халасана“ со нозете прекрстени над главата, или позиција „утанасана“, стоејќи и свиткувајќи се напред.
  • Зајакнете ги и развијте ги рамената стоејќи на главата, стоејќи на рацете или во „делфин” поза.
  • Дефинирајте ги стомачните мускули и вежбајте ги мускулите на грбот со позата „скорпија” или „тркало”.

Сето ова ве води кон посилна состојба на вашето тело. За да го обликувате телото, вежбајте најмалку двапати неделно. Дајте си поголем предизвик со тоа што ќе имате три до пет вдишувања повеќе во една позиција отколку што обично правите за да ја подобрите вашата издржливост.

Ја подобрува варијабилноста на срцевиот ритам

Досега има само една студија што покажува значителна разлика помеѓу практикувањето стандардна јога и инверзијата на јогата. Студијата објавена во 2013 година заклучи дека редовната практика на јога-инверзија ги подобрува разликите во брзината со која срцето работи. Според истражувачите, постојат бројни, позитивни ефекти од оваа вежба, кои се долгорочни.

Подобри имунолошки функции

Оние кои имаат слаби имунолошки функции се поподложни на болести отколку оние кои имаат здрави функции. Вежбањето јога може драстично да го подобри имунитетот, градење на антитела кои ви помагаат да се борите против вирусите и другите материи. Бидејќи овие вежби главно вклучуваат балансирање на рацете, што значи и поголем физички напор, ова се идеални јога позиции за зајакнување на имунитетот. Ќе го зајакнете вашиот имунитет со потење додека вежбате. Со производство на топлина во вашето тело и исфрлање на течности преку пот, ги убивате бактериите и ги бркате од телото.

Прочитајте и: Дали јогата навистина може да помогне во слабеењето?

Остатокот од текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.