Едноставна подготовка на десерт кој секому ќе му се допадне!
Состојки:
За бисквит:
- 130 гр брашно
- 130 гр шеќер
- ванилин шеќер
- 100 гр ореви
- 1 прашок за пециво
- 1,5 дл масло
- 3 јајца
- чаша (2дл) сецкан ананас
- чаша ситно сецкани моркови
За кремот:
- 500 гр маскарпоне сирење
- 3 лажици павлака
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр путер
Подготовка:
Измешајте брашно, прашок за пециво, шеќер, ванилин шеќер и ореви. Изматете ги јајцата и маслото неколку минути, а потоа истурете ја течната смеса во сувите состојки и кратко измешајте додека не се соединат сите состојки. Додадете ги морковот и ананасот. Истурете ја смесата во калап за торта (28 см) што претходно сте ја подмачкале и сте ставиле малку брашно. Порамнете и печете 50 минути во рерна загреана на 170°C.
Додека бисквитот се пече, подгответе го кремот: омекнатиот путер изматете го со шеќер во прав, додадете павлака и маскарпоне сирење и добро соединете. Со добиениот крем, премачкајте го ладниот бисквит и декорирајте во желба.
Предог за главно јадење: Маринирани пилешки крилца од рерна
ФОТО: Pexels