Маринирани пилешки крилца од рерна

Брзо и лесно

Едноставен рецепт за одличен оброк!

Состојки:

  • 12 пилешки крилца
  • 100 мл масло
  • 3 лажици мед
  • 75 мл сос од соја
  • 2 лажици сенф
  • 75 мл сок од лимон
  • 2 чешниња лук

Подготовка:

Во сад добро промешајте ги состојките за маринада. Потопете ги крилцата во неа и оставете ги во фрижидер неколку часа за да се маринираат (по можност преку ноќ). Загрејте ја рерната на 200°C. Ставете алуминиумска фолија или двоен слој хартија за печење на решетката во рерната. Исцедете ги крилцата од маринадата и наредете ги на решетката. Печете околу 45 минути, или додека крилцата не станат кафеави.

Совет: Не треба да го солите месото за да го подготвите овој рецепт затоа што маринадата е доволно зачинета. Ако сакате лут вкус, ставете мелените чили пиперки во маринадата. Со таква маринада, можете да подготвите и друго месо на скара, а свинското царско месо и свинското ребра ќе бидат особено вкусни.

Предлог за десерт: Брзо и лесно: Пудинг колач

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.