Клучно научно откритие: Еве како имунолошкиот систем се бори со коронавирусот!

Истражувањата покажале

Ова откритие би можело да биде од голема корист за развојот на најефикасната вакцина против КОВИД-19

Австралиските научници тврдат дека сфатиле на кој начин човечкиот имунитет се бори против коронавирусот КОВИД-19.

Имено, истражувањето на Институтот за зарази и имунитет „Питер Доерти“ во Мелбурн покажало дека луѓето оздравуваат од овој вирус на истиот начин на кој оздравуваат од обичен грип. Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Nature Medicine, а го пофалиле и многу други експерти.

„Ова откритие е многу важно, бидејќи првпат навистина разбираме како нашиот имунолошки систем се бори против новиот коронавирус“, вели авторката на истражувањето, Кетрин Кеџиерска.

Многу луѓе успешно оздравеле од вирусот КОВИД-19, што значи дека веќе било познато дека имунитетот може успешно да се бори против вирусот. Но сега научниците првпат ги идентификувале четирите видови клетки во имунолошкиот систем кои се борат против новиот вирус.

Во тоа успеале претходно следејќи здрава пациентка која имала благ до умерен случај на новиот вирус. Тоа била 47-годишна жена од Вухан, изворот на новиот вирус, која била примена во болница во Австралија, а оздравела во рок од 14 дена.

Професорката Кеџиерска рекла за Би-Би-Си дека нејзиниот тим ја истражувал целата ширина на имунолошкиот одговор кај таа пациентка.

„Три дена пред нејзиното здравје да почне да се подобрува, во крвотокот беа воочени специфични клетки, исти какви што се појавуваат кај пациентите кои се разболуваат од обичен грип. Отприлика во истото време од заздравувањето“, објаснила професорката.

„Бевме многу возбудени поради овие резултати и фактот што успеавме да препознаеме појава на такви клетки кај заразен пациент, пред неговата состојба да почне клинички да се подобрува“, рекла и додала дека повеќе од 12 научника работеле без престан за да можат да ја направат оваа анализа.

„Препознавањето на моментот кога клетките на имунолошкиот систем почнуваат да дејствуваат може да помогне во предвидувањето на текот на дејствување на вирусот“, вели професор Брус Томпсон, декан на медицински науки при Универзитетот за технологија во Свинбурн.

Австралискиот министер за здравство, Грег Хант, тврди дека ова откритие може да придонесе за развојот на вакцина и потенцијална терапија за заразените пациенти.

Професорката Кеџиерска вели дека следниот чекор на научниците е да дознаат зошто имунолошкиот одговор е послаб кај пациентите кои побавно оздравуваат.

Прочитајте ги и советите на епидемиолозите и дознајте дали смеете да одите на прошетка и џогирање за време на борбата против коронавирус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.