Никој не е совршен: Најчести грешки на најдобрите мајки

Дамка на фустанчето? Не, тоа не е причина да го искарате детето

Не очајувавте! Искористете ги пропустите и од нив научете како да бидете (уште) подобар родител.

„На 2-годишното синче не му давам да спие преку ден“

Многу мајки сакаат рано да ги заспијат своите деца, можеби уште околу 19 часот за да можат да се одморат во вечерните часови и да се посветат на други активности.

Но педијатрите не препорачуваат на детето да му се укине пладневната дремка барем додека наполни три години, а и тогаш само ако самото одбива да спие во текот на денот.

„Понекогаш ми се случува да му се развикам на детето“

Никој не е совршен. Понекогаш и родителите едноставно реагираат побурно од вообичаено. Се разбира, треба да се знае дека таквото однесување е контрапродуктивно и, ако се случува често, може и да остави болни последици врз психата на детето.

Но доколку се случува во ретки пригоди, психолозите сметаат дека може да биде и продуктивно, бидејќи на децата им се дава можност да видат дека и нивните родители имаат мани.

Психолозите советуваат по бурната епизода да му се објасни на детето што се случило и да му се извини поради несоодветното однесување.

Прочитајте и: Џејми Оливер: „Ако на вашето дете му го давате ова, вие свесно го труете!“

„Правам исклучоци од правилото дека детето треба да научи да биде дарежливо“

На пример, ако отидете во парк со вашата 2-годишна ќерка, а таа со себе ја земе својата омилена кукла, се разбира дека нема да инсистирате да му ја даде на друго девојче да си поигра.

Меѓутоа, и покрај тоа што детето дури по третата година може да го сфати концептот на дарежливост, сепак треба да го учите да ги подели кексињата со своите другарчиња или на децата што ќе му дојдат во посета да им ги даде своите играчки.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.