Ријана поради него растела во пекол, но сепак сè му прости на својот татко

Ниедно дете не заслужува такво детство

Денес Ријана е една од најпопуларните пејачки во светот, која има сопствена линија на долна облека, козметика…

Родена е како Робин Ријана Фенти на 20 февруари 1988 година во Барбадос. Нејзиното семејство било дисфункционално, бидејќи татко ѝ со години се борел со зависноста од дрога, а често и физички го малтретирал целото семејство.

Кога наполнила 14 години, мајка ѝ го напуштила нејзиниот татко и била принудена да работи разни работи за да го прехрани семејството.

Татко ми ѝ припаѓа на генерацијата на 1960-тите, кога дрогата и алкохолот се консумирале секојдневно. Поради дрогата губеше контрола и многу му се лутев поради тоа. Ниедно дете не треба да помине низ тој пекол“, изјави Ријана пред десетина години.

 

View this post on Instagram

 

👨‍👧💕

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Ријана со години била во лоши односи со татка си, кој стана актуелен во 2009-та година кога во јавноста го коментираше претепувањето на Ријана од страна на тогашното момче Крис Браун.

 

Истата година, нејзиниот пијан татко го демолирал автобусот со кој пејачката била на турнеја.

Пејачката неодамна повторно му прости, а во неколку наврати му подари и скапоцени подароци.

Инаку, Ријана била злоставувана и во училиштето од страна на нејзините врсници, а едно време продавала и облека на улица додека нејзиниот талент не го препознал американскиот продуцент Еван Родџерс.

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.