Северина: „Зошто упорно се повторуваат убиствата на жени од поранешните партнери кои претходно биле пријавени за семејно насилство?“

„Како е можно некои пријави да седат во фиоки, а некои да се обработуваат навремено и агилно?“

Популарната пејачка Северина Вучковиќ во ексклузивното интервју за магазинот „Убавина и здравје“, меѓу другото, отворено проговори и за тоа кој „непријатен“ разговор би требало да почнеме или да го водиме на ниво на општеството во 2023 година.

Па, секако, за правата на жените и дека апсолутно и неотуѓиво право на жената е таа да одлучува за своето тело. Очигледно овие теми мора повторно да се отворат. Непријатен разговор што треба да се направи е како може 20 месеци да трае привремена мерка на судот каде ќе живее детето. Краткорочна мерка? Непријатен разговор е и зошто упорно се повторуваат убиствата на жени од поранешните партнери кои претходно биле пријавени за семејно насилство. Има премногу непријатни муабети за кои треба јавно да зборуваме, да проповедаме ако сакаш… Апсолутно нема врска со религиозноста, туку со тоа дали сите сме еднакви под ова небо или не. Деца, жени, ЛГБТ… Мораме и јавно да зборуваме за тоа како е можно да продолжи пустошењето на хрватското крајбрежје. Има многу теми.

Каква промена би сакале да видите на општествено ниво во наредните години?

Во она во кое имам, за жал, преголемо искуство. Побрзо, поправедно и некорумпирано судство. Во сите сегменти, ова е клучот за несигурноста во секоја земја, дури и кога станува збор за жртвите на семејно насилство, што треба да биде апсолутен приоритет во секоја држава. Како е можно некои пријави да седат во фиоки, а некои да се обработуваат навремено и агилно?, прашува популарбата пејачка.

 Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.