Како пржената риба да не впие ни капка масло? Со оваа состојка ќе биде уште покрцкава и повкусна

Кулинарски трик

Дознајте како да испржите совршено вкусна риба, која притоа нема да впие ни капка масло

Рибата е доминантна на трпезата за време на постовите. Со оглед на тоа што рибата е многу здрава, би требало почесто да ја вклучуваме во нашето мени.

Но ако зборуваме за пржена риба, при пржењето таа впива и голема количина на масло, а маснотиите и тоа како можат да влијаат врз вкусот.

Доколку и вие спаѓате во оние што обожаваат пржена риба, имаме трик што ќе ви помогне да биде уште покрцкава и повкусна, без притоа да впие ни капка масло.

За тоа ќе ви треба една состојка со која ќе го замените брашното, а станува збор за густин. Густинот или пченкарниот скроб создава заштитна обвивка околу рибата, па кога ќе ја приготвите ќе биде крцкава, но нема да впие премногу масло, а со самото тоа нема да биде ни масна.

Приготвување:

Ставете густин во чинија и додајте лажиче сол. Потоа, додајте бибер, лук и други зачини по избор, а потоа сето тоа добро соединете го. Сипете го маслото во подлабок сад, ставете поголема количина за рибата да „плива“ во него, а потоа добро загрејте го.

Исчистете ја рибата и подгответе ја како и вообичаено, а потоа секое парче добро извалајте го во смесата од густин и спуштајте ги во врело масло.

Доколку е потребно, свртете ја рибата неколку пати за да се испржи рамномерно од сите страни. Овој трик можете да го користите за пржење на сите видови месо.

Ова е најздравата риба: Го снижува лошиот холестерол, го штити срцето и содржи најмногу омега-3 масни киселини
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.