Речено – сторено: Еве зошто Хоакин Финикс носи теле во рацете (ВИДЕО)

Борец за заштита на животните

Годинешниот добитник на „оскар“ за главна машка улога, актерот Хоакин Финикс (45) ја посети кланицата „Manning Beef” во Калифорнија и разговарал со директорот Ентони Ди Мариа за начинот на кој се третираат животните и целата индустрија.

Актерот, кој воедно е веган и голем поборник за заштита на правата на животните, по трогателниот говор на Оскарите, кажаното го спровел во дело. Тој и директорот на кланицата разговарале за производството на месо и за третманот на животните.

По разговорот, Финикс си заминал со крава и со нејзиното теле, кои ги спасил од страшната судбина. Актерот се погрижил двете животни да бидат сместени на фарма.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.