Убавата Ешли Грем позира целосно гола на само неколку дена пред породувањето
Не се срами од сопственото тело, напротив, горда е на сите стрии и на вишокот килограми
Плус-сајз моделката Ешли Грем не се срами од вишокот килограми и стриите кои ги добила за време на бременоста, а дека тоа навистина е така доказ е и нејзината последна фотка која ја објави на Инстаграм, на која позира целосно гола и тоа само неколку дена пред терминот на породување.
Имено, Ешли е позната застапничка на култот на љубовта кон сопственото тело и ова не е првпат да објави фотографија на која е целосно гола.
https://www.instagram.com/p/B7UvSnAAlFB/?utm_source=ig_embed
Да се потсетиме, ова е нејзината прва бременост, а дете очекува со сопругот Џастин Ервин. На својот инстаграм-профил во август ја објави оваа среќна вест и додаде дека „на тој ден пред 9 години се омажила за љубовта на својот живот“, и дека годишнината ќе ја прослават со новиот член на семејство.