Изгледајте 10 килограми послабо: 12 стилски трикови на модните експерти

Трикот е во пропорциите

Доколку не сте љубител на одењето во вежбалница, овие мали стилски финти ќе ви помогнат да изгледате неколку килограми послабо

Модниот експерт Карла Круп дели неколку совети за постигнување идеална фигура со помош на гардеробата.

V-изрезот на гардеробата ви е најдобар пријател

V-изрезот дава илузија на издолжено тело, а со самото тоа и повито. Колку повеќе кожа откривате во пределот помеѓу брадата и градите, се подразбира во граници на нормалата, толку послаби ќе изгледате. Овој изрез визуелно создава рамнотежа со пошироки колкови.

https://www.instagram.com/p/B24UCkpAjDB/?utm_source=ig_embed

Потпетици со шпицест врв

Салонките со шпицест врв ќе го направат тоа што треба. Во високи потпетици секоја жена изгледа неколку килограми полесно, но оние што покрај тоа имаат и шпицест врв се уште подобар избор. Благодарение на нив, вашата силуета ќе изгледа уште подолго и поелегантно.

https://www.instagram.com/p/B3XcDLmIwVV/

Инвестирајте во добар градник

Можеби звучи чудно, но добриот крој на градник може навистина да го промени и изгледот на фигурата. Многу жени не се ни свесни дека носат погрешна големина. Кога ќе го пронајдете оној кој целосно ви одговара, ќе забележите дека изгледате многу послабо.

https://www.instagram.com/p/B3SdY5ggxIO/

Мидерот секогаш е добра идеја

Не двоумете се дали да инвестирате во еден добар мидер. Тој ќе направи вашата силуета да изгледа феноменално, особено под фустан.

Стратешки одбирајте накит

Долгите ѓердани му даваат должина на краткиот врат и го одвлекуваат вниманието од колковите, предниот и средишниот дел на телото.

https://www.instagram.com/p/B3Zgp4alpZZ/

Едноставните фармерки се одличен избор

Доколку сакате да изгледате повитко, најдобро би било да одбирате фармерки што немаат премногу детали на нив и кои се со едноставен крој. Идеален избор се оние во црна боја со рамни ногавици.

https://www.instagram.com/p/B3ZbIxuo76c/

Лажен тен

Денес достапни се многу спрејови што даваат ефект на лажен исончан тен. Доколку носите фустани што во прв план ги истакнуваат нозете, овој трик ќе ви биде од корист.

Подолг блејзер

Острите рамни линии на блејзерот најдобро ќе се изборат со вишокот килограми. Сакото со должина под колковите одлично ќе ви стои.

https://www.instagram.com/p/B3XlB7vnAk4/

Изборот на материјали е исклучително важен

Памук, свила и волна најдобро ќе ги скријат вишокот килограми.

Одбирајте една боја

Монохроматскиот стил визуелно ќе ја истанчи сечија фигура.

https://www.instagram.com/p/B3ZJQYNIVrM/

Ускладете ја бојата на чевлите

Доколку носите фустан, чевлите нека ви бидат во беж боја, а доколку се одлучите за црни фармерки и обувките нека ви бидат во иста боја. Така ќе добиете ефект на подолга силуета.

Тргнете ја косата од лицето

Високо врзаното опавче или залижаната коса значително ќе придонесат за послаб изглед на лицето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.