Повкусна од оригиналната: Лесна цезар-салата

Се' за храна!

Може да ја послужите како главен оброк за ручек или вечера

Цезар-салатата на Марија Кочовска е еднакво вкусна како оригиналната, но содржи помалку калории и повеќе хранливи состојки. Најдете уште вакви рецепти на инстаграм-профилот на Марија @kocovska.marija или на веб-сајтот sezahrana.mk.

Состојки:
  • 1 зелена салата ајсберг
  • 300 г пилешко бело месо
  • 4 парчиња интегрален леб
  • 2 варени јајца
  • 1 домат
  • 100 г кашкавал или 2 лажици рендан пармезан
  • маслиново масло по потреба
  • мешан зачин по потреба
  • оригано
  • 100 мл кисела павлака со 15% масти
  • 4 лажици мајонез со помал процент масти
  • сол и мелен црн пипер по потреба
Приготвување:

1. Потребни состојки…

2. Исечкајте ја салатата ајсберг

3. Попрскајте го лебот со масло и зачинете го, па ставете го да се пече

4. Печените парчиња леб исечете ги на коцки

5. Печете го маринираното месо додека порумени

Уживајте во фантастичниот вкус со „Се’ за храна“!

Извор: Добра храна

ФОТО: Марија Кочовска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.