Дами, размислете добро пред да се напиете алкохол

Еве на што конкретно мислиме...

Одамна е утврдено дека консумирањето алкохол го зголемува ризикот од рак на дојка. Најновите истражувања покажаа дека и најмали количества можат да ви наштетат.

За разлика од жените што никогаш не пијат, оние што пијат чашка-две за време на вечерата за 35% се изложени на поголем ризик од хормон-позитивниот канцер на дојка.

Експертите велат дека алкохолот го зголемува нивото на естроген во организмот, поради што се зголемува и ризикот од канцер. За да бидете безбедни, ограничете го консумирањето алкохол на две-три чашки неделно.

Одржувајте здрава телесна тежина

Зголемувањето на телесната маса со текот на годините го зголемува и ризикот од канцер на дојка. Според една студија, жените што се здебелиле во подоцнежните години за 45% се изложени на повисок ризик од канцер за разлика од жените што одржувале стабилна телесна маса. Бидејќи естрогенот се наоѓа во масното ткиво, дебелите жени имаат поголемо количество од овој хормон, кој може да го забрза растот на туморите.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.