Едноставно кремаво задоволство

За само 15-тина минути

Ви се јаде нешто кремаво и слатко, а да не бара да поминете многу време во кујната? Имаме решение за вас! Ви претставуваме рецепт за вкусен чоколаден колач, кој е готов за само 15 минути!

Еве што ви е потребно…

Половина литар млеко, кесичка пудинг од ванила, 3 лажици шеќер, кутија кекс со фил од желе, кутија обичен, тврд кекс.

За глазурата: 100 г чоколадо, 50 г путер, 3 лажици вода, 3 лажици шеќер.

Приготвување:

Во правоаголен сад за колачи наредете го тврдиот сад на дното. Сварете ги млекото, пудингот од кесичка и шеќерот, па со добиената смеса прелијте го кексот. Растопете го чоколадото на пареа, додајте вода и шеќер и мешајте додека добиете густа смеса. Тргнете ја смесата од оган и додајте го путерот. Мешајте додека се растопи, па сипете ја смесата врз колачот. Оставете го колачот да се излади, па послужете го!
Фото: Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.