Туна во салата од авокадо

За здрав и лесен ручек

Рецептот за туна со авокадо и лимон е исклучително здрав и одличен предлог за лесен ручек, богат со витамини и со здрави масти.

Состојки (за 1 лице):

Парче ѓумбир (излупен и изрендан), 2 лажички сечкан коријандер, половина лимон, морска сол, црн пипер, 1 авокадо (излупено и исечкано на тенки парчиња), маслиново масло, 85 г свежа туна

Приготвување:

Изрендајте го ѓумбирот во помал сад. Додајте ги коријандерот и сокот од лимон. Добро промешајте, посолете и зачинете соцрн пипер. Додајте го авокадото и малку маслиново масло. Ставете ја тавата на загреана рингла и пржете ја туната две минути од секоја страна. Ќе знаете дека е готово кога месото ќе добие светла боја. Сервирајте ја во чинија преку салатата од авокадо.

Добар апетит!

Фото: @purewow

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.