Тиквички полнети со мисиркино месо и фета: Лесен оброк за топлите денови
Одлична препорака!
Вкусен ручек за помалку од половина час
Пробајте го овој едноставен рецепт за полнети тиквички на грчки начин.
Состојки:
- 4 тиквички со средна големина
- 1 лажица маслиново масло
- 1 главица црвен кромид, ситно исечкан
- 4 чешниња лук, ситно исечкани
- 450 грама мисиркино месо, мелено
- 1 лажичка оригано
- сол и бибер по вкус
- 2 домати исечкани на коцки
- фета, исечкана на коцки, за наросување (по желба)
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во плех ставете хартија за печење.
Пресечете ги тиквичките во должина, па со лажица издлабете ги во средината и ставете ги во плехот.
Во тенџере ставете маслиново масло, па издинстајте го кромидот додека не добие златножолта боја. Додајте лук и мелено мисиркино месо, па динстајте 6-7 минути на средна температура.
Потоа, додајте зачини, дома исечкан на коцки, сол и бибер по вкус и динстајте мешајќи уште две или три минути.
Тргнете ја смесата од оган, па филувајте ги тиквичките, а потоа ставете ги во загреана рерна и печете ги десетина минути. Наросете ги со коцки фета и послужете ги топли.
Добар апетит!