Тиквички полнети со мисиркино месо и фета: Лесен оброк за топлите денови

Одлична препорака!

ФОТО: Shutterstock

Вкусен ручек за помалку од половина час

Пробајте го овој едноставен рецепт за полнети тиквички на грчки начин.

Состојки:
  • 4 тиквички со средна големина
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица црвен кромид, ситно исечкан
  • 4 чешниња лук, ситно исечкани
  • 450 грама мисиркино месо, мелено
  • 1 лажичка оригано
  • сол и бибер по вкус
  • 2 домати исечкани на коцки
  • фета, исечкана на коцки, за наросување (по желба)
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во плех ставете хартија за печење.

Пресечете ги тиквичките во должина, па со лажица издлабете ги во средината и ставете ги во плехот.

Во тенџере ставете маслиново масло, па издинстајте го кромидот додека не добие златножолта боја. Додајте лук и мелено мисиркино месо, па динстајте 6-7 минути на средна температура.

Потоа, додајте зачини, дома исечкан на коцки, сол и бибер по вкус и динстајте мешајќи уште две или три минути.

Тргнете ја смесата од оган, па филувајте ги тиквичките, а потоа ставете ги во загреана рерна и печете ги десетина минути. Наросете ги со коцки фета и послужете ги топли.

Добар апетит!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.