Вкусни приказни: Роденденски колач без шеќер

Здрав десерт

Одлична идеја на Весна Ѓурковска-Каеска

Ова колаче е идеално за бебиња што џвакаат и за деца на кои им треба брза ужинка. За уште вакви интересни рецепти, посетете го инстаграм-профилот на Весна Ѓурковска-Каеска @vkusniprikazni.

Состојки:
  • 4 полни лажици немелени овесни снегулки
  • 5 полни лажици ‘ржано брашно
  • 1 рендано јаболко
  • 1 рендана банана
  • 1 или повеќе лажици цејлонски цимет
  • 1 јајце
  • 1 лажиче сода
  • 1 лажица несолен путер или маслиново масло (по избор)
Приготвување:

1. Потребни состојки за здравиот колач

2. Добиената смеса се става во модли за мафини или мало тавче, па се пече на 200 степени

3. За да го сервирате испеченото колаче, исечете го на неколку парчиња и формирајте торта

4. Декорирајте со црвено овошје, семки од тиква и лимон

Добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.