Весник на пролетта: Оваа боја е апсолутен хит

На Неделата на модата во Париз жолтата боја беше најзабележана

Бојата на сонцето е идеална да го освежи тмурниот стајлинг, кој едвај чекаме да го замениме со лелеава летна гардероба. Жолтата, во сите свои тонови, комплетно ги освои модните писти

Голема е веројатноста веќе да имате парче гардероба или моден додаток во бојата што се заканува да биде најпопуларна ова лето, а пролетта дефинитивно ја освои, судејќи по креациите што ги видовме на неодамнешните недели на модата. Се носат сите нијанси, а најпопуларна е лимон-жолтата.

КЕЈТ БОСВОРТ
Глумицата носеше жолта тоалета на забавата на Венити Фер
Фото: Getty Images

ДОДАТОЦИ ВО ЖОЛТА БОЈА

Доколку се одлучите само за едно парче во актуелната нијанса, тоа нека биде впечатлива чанта, со која со леснотија ќе ја разбиете монотоната и скромна комбинација на облеката. 

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.