„Без сон: шест смртоносни раскази“ од П. Д. Џејмс – подарок за 1 читател

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Култната „кралица на кирми-приказните”, П.Д. Џејмс, е вистинска господарка на својот занает, преплетувајќи мотиви од златната доба на крими-расказите со сериозни психолошки анализи и притоа создавајќи возбудливи и тензични приказни.

„Литература.мк“ ќе израдува еден наш читател со прекрасен подарок: крими-расказите „Без сон: шест смртоносни раскази“ од П. Д. Џејмс.

Не е секогаш толку важно кој е убиецот. Понекогаш, мистеријата е во прашањето зошто или како е направено убиството. А, што се случува со оние што минуваат незабележано, оние што успеале да го испланираат и да го изведат совршеното убиство?

Оние што откриваат, но молчат за тоа, оние што препознаваат, но не соопштуваат? Во шесте раскази преставени во оваа книга ќе пронајдете токму вакви мотиви. Тоа се раскази во кои низ спомени, низ мисли и низ соништа, се доближуваме до мотивите, причините и последиците на убиствата.

П.Д. Џејмс мајсторски ја создава оваа кратка наративна форма, со внимателно осмислени приказни, трпеливо изведени мотиви, убедливи сценарија и прецизни дејства со пресврт што навистина ќе ве остави без сон.

Доколку сакате да ги добиете на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од априлската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во мајскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.