Здраво и посно јадење за цело семејство
Состојки:
- 600 грама компири
- 1 морков
- 2 помали тиквички
- 1 главица кромид
- 1 домат
- лук во гранули
- 3 лажици пченкарно брашно
- 2 лажици гриз
- зачини
- сол
- бибер
- лута, толчена пиперка
- малку слатка црвена пиперка
- лист од магдонос
- кесичка супа од печурки
Приготвување:
Компирот, тиквичките и морковот исчистете ги и исечете ги на кругови. Посолете ги и додајте зачини. Исечкајте ги кромидот и доматот на кругови. Во компирот, морковот и тиквичките додајте бибер, црвена и толчена пиперка, лук, масло, пченкарно брашно и гриз и сето тоа добро измешајте го.
Подмачкајте го плехот и наредете компири. Додајте ги кромидот и доматот, па ставете ги помеѓу компирите.
Разматете ја кесичката супа од печурки во млада вода, околу 250 милилитри и прелејте ја врз компирите. Ставете уште малку масло, наросете со лист од магдонос и печете на 220 степени Целзиусови околу 40 минути.
Извор: Kod bake u gostima