Компир со тиквички во прелив од шампињони: Вкусно посно јадење!

Пробајте!

ФОТО: Бабина кујна

Здраво и посно јадење за цело семејство

Состојки:
  • 600 грама компири
  • 1 морков
  • 2 помали тиквички
  • 1 главица кромид
  • 1 домат
  • лук во гранули
  • 3 лажици пченкарно брашно
  • 2 лажици гриз
  • зачини
  • сол
  • бибер
  • лута, толчена пиперка
  • малку слатка црвена пиперка
  • лист од магдонос
  • кесичка супа од печурки
ФОТО: Бабина кујна
Приготвување:

Компирот, тиквичките и морковот исчистете ги и исечете ги на кругови. Посолете ги и додајте зачини. Исечкајте ги кромидот и доматот на кругови. Во компирот, морковот и тиквичките додајте бибер, црвена и толчена пиперка, лук, масло, пченкарно брашно и гриз и сето тоа добро измешајте го.

Подмачкајте го плехот и наредете компири. Додајте ги кромидот и доматот, па ставете ги помеѓу компирите.

Разматете ја кесичката супа од печурки во млада вода, околу 250 милилитри и прелејте ја врз компирите. Ставете уште малку масло, наросете со лист од магдонос и печете на 220 степени Целзиусови околу 40 минути.

Извор: Kod bake u gostima

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.