Миранда Кер е бремена: Пред 10 месеци родила син, а сега повторно чека бебе!
Среќни вести!
Манекенката е пресреќна и со нетрпение очекува уште едно бебе
Миранда Кер повторно ќе стане мајка! 10 месеци по раѓањето на нејзиното второ дете Харт, Миранда Кер (35) изјавила дека повторно е бремена.
„Миранда, Еван, Флин и Харт со нетрпение ја очекуваат приновата“, рекол добро информиран извор за еден медиум.
https://www.instagram.com/p/BueQl_rhnQN/?utm_source=ig_embed
Манекенката го има синот Флин (8) од бракот со актерот Орландо Блум, додека второто дете, синот Харт, го родила на 7 мај минатата година во Лос Анџелес.
Миранда се омажила за бизнисменот Еван Спигел на скромна церемонија на која присуствувале околу 40 гости, само неколку дена пред да го донесе на свет своето второ дете.