Појадок во инат на сите: Сочен карамел-колач со јаболка!

Уживајте во животот!

Олеснете си го крајот на викендот во инат на сите диети и правила за здрава исхрана и изедете го овој колач!

Потребни состојки:
  • 3 јајца
  • 400 грама брашно
  • 150 грама маргарин плус 1 коцка
  • 300 грама шеќер
  • 1 килограм јаболка
  • 100 грама суво грозје
  • 2 кесички цимет
  • 1 прашок за печиво
  • кора од лимон
Приготвување:

Изматете ги јајцата, додајте маргарин и 100 грама шеќер, кора од лимон, па сето тоа изматете го со миксер. Посипете брашко со прашок за печиво и во тоа додајте ги јајцата со маргаринот, па замесете тесто. Во тенџере стопете 200 грама шеќер за да се претвори во карамела, па додајте ја коцката маргарин и сечканите јаболка на коцки.

Промешајте и динстајте 5-6 минути. Смесата е поклопена со капак. Развлечете го тестото тенко, наросете го со цимет и шеќер и исечкајте го на ленти. Виткајте ги лентите една во друга во големо сукало.

Обложете тепсија со хартија за печење и на дното ставете ги јаболката со карамела. Озгора ставете го тестото и притиснете го малку. Печете на 200 степени околу 45 минути.

Ставете го врелиот колач на чинија и поклопете го со плехот во кој се печел. Оставете го да се лади, за да впие тестото повеќе од состојките. Пресечете го на триаголници како торта.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.