Контроверзната Амбер Херд шокира со изјавите: Нејзините родители плачеле кога им го признала ова

Актерката Амбер Херд во еден свој говор откри како реагирале нејзините родители кога им признала дека е бисексуалка, односно дека сака и мажи и жени.

Родена сум во Остин, Тексас. Татко ми е од југот, одгледувана сум во мошне религиозно семејство. Да си атеист, вегетаријанец, лезбејка… Едноставно – не! Се сеќавам дека кога им соопштив на моите дека сум вљубена во жена имаше многу солзи“, раскажа атрактивната русокоса, која е позната и по пропаднатиот брак со Џони Деп.

Не знаеја како да се носат со тоа. Во почеток не ја сфаќаа мојата сексуалност. Сепак, со текот на времето, се сменија нивните срца и ставови. Пет години подоцна требаше да примам важна награда и ги замолив родителите да дојдат на доделувањето. Ги гледав како седат во првиот ред, а јас ја примив таа ‘геј-награда’“, раскажа актерката.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.