Водителката Јана Серафимовска „рипна“ во тавче: Таа блеска во венчаница со тантела, а сопругот се дотера како Џејмс Бонд! (ФОТО)

Го кажаа судбносното - Да!

Викендов што измина на вечна љубов се заколна познатата водителка Јана Серафимовска, а нејзиниот избраник се вика Горан Петровски.

Водителката објави неколку фотографии на социјалните мрежи, а од нејзиниот израз на лицето може да се констатира дека таа е пресреќна што и официјално заплива во брачните води.

Водителката за овој најсреќен ден во својот живот избрала да носи бела венчаница со тантела, додека нејзиниот избраник се дотерал како Џејмс Бонд во црно одело, црна кравата и црни очила за сонце.

Инаку на нивната свадбена веселба присуствувале блиски членови на семејствата, пријатели, соработници, а помеѓу гостите била и уредничката на телевизија Телма, Снежана Лупевска.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.