Живеел разуздано, имал куп пари: Сепак, на смртната постела побарал само едно нешто!

Секој треба да го прочита ова

Кога ќе помислите дека парите се сè во животот, сетете се на оваа приказна

Богат човек бил на смртна постела, кога дошол да го посети ангелот на смртта. Работел долго и напорно за да стекне огромно богатство и да живее во луксуз и не можел да верува дека му истекло времето…

Со оглед на тоа што бил богат, одлучил да купи уште малку време од ангелот на смртта. Долго време го убедувал, но ангелот не сакал ништо. Очајниот богаташ му дал предлог на ангелот:

„Дај ми само уште еден час живот за да можам да ѝ се восхитувам на убавината на оваа земја последен пат и за да поминам време со моето семејство кое долго време го немам видено и ќе ти го дадам сето мое богатство.“

Но ангелот повторно одбил! Конечно, човекот уште еднаш го прашал дали може да добие само една минута за да напише проштална порака. Неговата желба била исполнета и тој ја напишал пораката:

„Правилно користете го времето што ви е дадено. Не можев да купам ни еден час со моето богатство! Слушајте го своето срце и уверете се дека работите што ве опкружуваат имаат вистинска вредност, негувајте ја секоја минута од вашето време.“

Деновите минуваат, а повеќето од нас се стремат кон пари и материјални работи, и во таа бркотница забораваме да уживаме во работите што го прават животот поубав. Забораваме дека суштината на животот ја сочинуваат семејството и малите радости, уживањето во убавото време и во природата. Кафе со пријателите и насмевка. Тоа е она што е важно. На крајот, парите никому не можеле да му купат вистинска среќа, ниту здравје.

Додека чекориме на оваа планета, да се потрудиме секој ден да го искористиме максимално, уживајќи во работите што навистина вредат.

Поучна приказна: Една жена видела тројца старци пред куќата, па одлучила да ги повика внатре…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.