2 маски за лице со мед: Направете ги дома и имајте беспрекорна кожа на лицето!

Секогаш блескави и свежи

Медот е една од најздравите намирници богати со аминокиселини, минерали и уште многу здрави состојки што чуда прават за нашето здравје.

Бројните витамини се дел од медот, а покрај витаминот Б и витаминот Ц, неизоставен дел од него се фолната киселина која е особено важна за сите бремени жени, но и за сите останати.

Поради антибактериските и антисептичките својства, медот е одличен и во борбата со акните, но и со останатите кожени заболувања. Доколку сте обожавателка на маските за лице, тогаш сигурно сте забележале дека во многу од нив, медот е една од честите состојки.

Она што е најдобро, е тоа што токму една таква здрава маска за лице може да си направите дома.

За ваквата маска во домашни услови, потребни ви се неколку основни намирници за кои сме сигурни дека ги имате во вашата кујна.

1.Исцедете еден лимон и неговиот сок помешајте го со мед и малку овесни снегулки. Добиената смеса добро измешајте ја и нанесете ја на лицето. Оставете ја да стои 10 минути и потоа добро измијте го лицето со млака вода. Со тоа, не само што ја направивте кожата убава, туку ѝ направивте и одличен и здрав пилинг.

2.Медот, бананата и маслиновото масло се добитна комбинација за сувата кожа. Во еден сад, измешајте три лажици мед, три супени лажици маслиново масло и помешајте го сето тоа со една добро пасирана банана. Оваа смеса ставете ја на лицето и држете ја околу 30 минути, па измијте го лицето добро со млака вода.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.