Запрете го стареењето: Каков е вашиот „воспалителен часовник“?

Можноста да дознаеме каков е нашиот iAge-статус ќе ни овозможи да го запреме стареењето

Кога сме на лекар, навикнати сме да го коментираме крвниот притисок, но земајќи предвид дека времињата и науката се менуваат, можно е наскоро да имаме нова почетна точка на разговор: статус на хормонска инфламација, односно хронични воспалителни процеси во организмот.

Имено, научниците од универзитетот „Стенфорд“ осмислија „воспалителен часовник“ наречен iAge, кој би можел да им помогне на лекарите да ја утврдат општата здравствена состојба на пациентот.

Се смета дека до инфламејџинг (inflamm-aging), односно до воспалително стареење, доаѓа кога стимулацијата на имунолошкиот систем доведува до болести поврзани со стареењето, како срцеви заболувања.

Можноста да дознаеме каков е нашиот iAge-статус ќе ни овозможи да го запреме стареењето.

Додека лекарите ги добијат стандардизираните тестови, она што можеме да направиме за да го забавиме биолошкиот часовник е да бидеме активни, да избегнуваме намирници што содржат трансмасти и шеќери, а да воведеме состојки богати со омега-3 киселини и антиоксиданти (ги намалуваат воспалителните процеси).

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.