Задача што ги збуни и најдобрите математичари: Ако ја решите точно, спаѓате меѓу ретките генијалци!

Ги подели математичарите

Добро обрнете внимание на следнава задача, бидејќи дури и оние што одлично знаат математика, не успеваат точно да ја решат

Кога се појави на Твитер, оваа задача успее да подели илјадници луѓе во светот! Иако на прв поглед изгледа многу едноставно, повеќето не успеваат да го најдат точното решение.

Во што е трикот?

Станува збор за задача што може да даде два резултата, во зависност од редоследот на извршувањето на операциите. Одговорите на задачата може да бидат 1 или 16, а се чини дека и математичарите се поделени околу тоа дали заградите имаат предност при решавањето на задачата.

Во прикажаната задача, некои прво ги множат 2 и 4 (резултатот во заградата), додека други ја пресметуваат заградата и ја отстрануваат заградата околу добиениот број, па ја продолжуваат равенката според хиерархијата на математичките операции.

Оваа задача предизвикала големи поделби, но се чини дека поуверливи се гласовите кои тврдат дека резултатот е 1.

Поради низата колебања, медиумот „Мирор“ прашал и професор по математика од Оксфорд, а неговиот одговор ги изненадил интернет-корисниците, со оглед на тоа што математиката се смета за егзактна наука.

Професорот, кој сакал да остане анонимен, истакнал дека вака напишаната равенка нема едно решение.

„Без дополнителни загради, може да се јават нејаснотии. Постојат конвенции околу редоследот на математичките операции“, појаснил тој.

Кој резултат го добивте вие?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.