Познатата актерка на 25 години посетила пророчница: Кога ѝ кажала што ја чека по 40., се шокирала!

Невиден шок!

Актерката, која на 25 години посетила пророчница, во една пригода открила што сѐ ѝ предвидела

Ретко кој знае дека холивудската легенда Хелен Мирен, всушност родена е како Јелена Василевна Миронова. Татко ѝ по потекло бил Русин, а мајка ѝ Англичанка. Живееле скромно и строго, почитувајќи ги вредностите што татко ѝ ги наследил од своите родители: образование, ред и одговорност.

Актерката денес има 78 години, но изгледа многу помладо.

Оскаровката одиграла бројни улоги во својата кариера. Трипати ја играла улогата на Клеопатра, ја играла кралицата Елизабета, но глумела и жени со понизок морал. Познато е дека неколку пати се разголела поради потребите на филмот, поради што морала да се избори со бројни предрасуди, но сето тоа сега е зад неа.

Хелен открила дека додека била млада се борела со бројни несигурности и анксиозност, а најголемиот проблем ѝ била социјалната интеракција, поради што поминувала часови во тоалетот пред да се соочи со луѓето. На 25 години се борела со тешка депресија, поради несигурноста и незадоволството од тоа како се одвивала нејзината кариера. Затоа, одлучила да посети пророчница.

Пророчницата ѝ кажала дека мора да се опушти, да го прави тоа што најдобро го знае и дека успех ја очекува дури по 40.

„Не си центар на универзумот, туку само еден дел од него. Мора да престанеш да се фокусираш исклучиво на себе. Не грижи се за тоа што мислат другите за тебе“, ѝ кажала пророчницата, тоа и самата го открила во едно интервју.

Актерката открила и дека со години не била задоволна од тоа како изгледа на фотографиите, а потоа едноставно открила дека јаката шминка не е за неа, поради што години наназад негува стил кој се заснова на комплетно природна и минимална козметика, а се негува сама дома. Се потстрижува и фенира сама, а истото важи и за негата на кожата.

Хелен Мирен е во врска со американскиот режисер Тејлор Хекфорд од 1986 година, а се венчале 11 години подоцна. Тоа бил нејзиниот прв брак, додека за него бил третиот, и тој од претходните бракови има три деца.

„Не чувствував потреба за дете, ниту чувствував загуба затоа што го немам. Тоа не било моја судбина. Никогаш не се случи и не ми е важно што мислат луѓето. Каде и да се појавев, мажите ми велеа: ’Што? Немаш деца? Подобро да се фатиш за работа, стара момо’. Јас им велев ’да си бркаат работа’“, изјавила актерката во една пригода.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.