Во продажба е новиот број на „Руски доктор“: Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Еве што ќе читате во него!

Зошто моето срце се плаши дека нема да стигне некаде, па брза? Прашање што речиси секој од нас си го поставува кога се соочува со разни стравови, сомнежи, незадоволства… Иако многумина сметаат дека срцебиењето не е сериозна болест, факт е дека за да нѐ служи срцето долги години, важно е да се грижиме за неговото здравје.

Токму затоа нарушувањето во работата на срцето, т.е. тахикардијата е тема во овој број, во која нашите стручни соработници откриваат како да се справиме со срцебиењето и како да го нормализираме ритамот на нашиот „мотор“.

Покрај срцето, не смее да се занемарат ни зуењето во ушите, менопаузата, отоците, желудочната кашлица…, за кои покрај неопходната нега и лекарски совети, тука е и природата, која нуди изобилство билки за да се зачува доброто здравје.

Згора на сѐ, и честите промени на времето и магнетните бури имаат негативно влијание врз животот и здравјето на луѓето.

Според советите на руските експерти, не треба да се плашиме од магнетните бури, туку треба да ги дочекаме подготвено. Секако, поголеми шанси за тоа имаат оние што го зајакнуваат имунитетот, а и веруваат во себе.

Сите знаеме дека љубовта, разбирањето и вниманието се најдобриот лек и мелем за душата. Затоа, посветете им внимание и имајте разбирање за луѓето околу себе, а особено подарете ѝ љубов на старата челад. Разгалете им ја душата на постарите за да живеат што е можно подобро уште неколку години.

Но не заборавајте да се разгалите и себеси – секогаш правете го она што го сакате и во сè барајте позитивни луѓе и позитивни емоции.

Ваша Сузана Митревска, главна и одговорна уредничка на „Руски доктор“.

Во продлжение ви ги претставуваме содржините во новиот број:

5 Како да ја негувате старата челад

6 Желудочна кашлица

7 Климакс: заборавате и лошо спиете?

10 Тахикардија: Смирете го срцебиењето

18 Првут? Не во вашата коса!

20 Нема веќе зуење во ушите

21 Скриен недостиг од железо

22 Колонска вода во домашната аптека

23 Доктор магдонос

24 Промените на времето и магнетните бури

26 Десет факти за кариесот што ќе ве изненадат

30 Спас од отоци

34 Сега се прават лековити метлички за зимата

35 Маслиново масло за петиците, здивот, мигрената…

36 Старата руска храна ќе ја избрка болеста засекогаш!

40 Што да јадете за да се… смирите?

41 Коријандер – антидепресив

41 Каша со жесток нарав

42 Слатка (и убава) како јагода!

43 Диета со урми за сладокусци

46 Неговото величество спанаќ

47 Пчелата го победува артритисот

47 Кефирот како лек

Текст и фото: Руски доктор

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.