Јахта од 6 милиони евра, вила и куќа до Мадона: На ова Брена и Боба трошат милиони! (ФОТО)

Луксузен живот!

Фото: Instagram prinscreen/lepabrenaa

Популарната пејачка Лепа Брена може да се пофали со успешна кариера која е долга преку три децении, па поради тоа, луксузот во кој е опркужена и тоа како ја интригира јавноста.

Брена и нејзиното семејство се често во центарот на вниманието поради случувањата околу нив, но и комфорот во кој тие уживаат, со оглед на тоа дека поседуваат неколку недвижности, вила на Бежаниска коса, автомобили, како и раскошна јахта.

Пејачката со сопругот Боба и синот Виктор живеат во луксузната куќа на Бежаниска коса. Ентериерот во куќата е опремен со модерни и скапи парчиња мебел, имаат неколку дневни соби, а исто и неколку спални соби.

Двориштето и луксузната вила ја краси голем базен на две нивоа, кој е совршен за жешките летни денови, а покрај прекрасното зелено опкружување, тие имаат и големо просторија за прослави.

Брачниот пар поседува и стан во Црна Гора и тоа во една од најскапите згради во Будва.

Фолк-ѕвездата и нејзиниот сопруг, како и останатите членови на семејството, добар дел од годината го поминуваат во Будба, а за да бидат комфорни и да имаат приватност, парот одлучил и таму да купи недвижен имот.

Поради тоа, тие купиле „кралски апартман“, како што ги нарекуваат апартманите во луксузната зграда, а цената за метар квадратен е 4.000 евра. Кога ќе се собере се, ако станот кој го купиле Брена и Боба има барем 70м2, тогаш цената не е под 280.000 евра.

Покрај апартманот, тие поседуваат и јахта на која уживаат кога имаат прилика.

Цената на јахтата е неверојатни 6.000.000 евра, а на неа поминуваат повеќе од времето кога се на црногороското или хрватското приморје.

Боба и пејачката поседуваат и куќа во Мајами, каде соседка им е ниту повеќе, ниту помалку, туку кралицата на попот – Мадона.

Куќата е вредна скоро 1.000.000 евра и има 400 метри квадратни.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.