Во недела се слават светите браќа Кузман и Дамјан: Еве што треба да направите!

Заштитиници на лекарите

Последниот ден од оваа недела се слават браќата што ги стануваат болните од постела, но мора да исполните еден услов!

Православните верници на 14 номеври ги слават светите браќа Козма и Дамјан.

Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар).

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Биле крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им дал благослов да лекуваат со допир., и тоа не само луѓе туку и животни.

Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни.

Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.

Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите.

Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат.

Исто така на овој ден болните им даваат завет на светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето.

Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните.

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот.

Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние што ги повикуваат во молитвите.

Според народното верување, на овој празник не треба да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

Свети Козма и Дамјан — Википедија

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.