Умрела четири дена откако ја исчистила бањата: Ги помешала ОВИЕ ДВЕ ХЕМИКАЛИИ и направила смртоносна смеса

Никогаш не правете го ова!

Младата Селија Сејмур од Велика Британија трагично починала откако ја чистела бањата.

За да може полесно да ги исчисти и иструга нечистотиите, таа помешала избелувач со средство за чистење бања на база на амонијак, предизвикувајќи бурна хемиска реакција.

Селија, не знаејќи, ја вдишувала опасната мешавина на гасови што се создала при процесот на мешање додека го чистела подот во бањата и добила тежок напад на астма. Веднаш била сместена во болница, но лекарите не можеле да ѝ го спасат животот. За жал, починала четири дена подоцна.

Вдишување гасови произведени со мешање на средства за чистење може да предизвика оток на грлото, сериозно оштетување на белите дробови, па дури и кома или смрт. Ако проголтате и најмала количина од производот, може да се појави оток и болка на усните, во усната шуплина како и во хранопроводникот. Се јавува и гадење, повраќање и крв во столицата.

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.