Во породилиштето добила ПАКЕТ што ја изненадил: Сними и објави сè, а многумина не веруваат што гледаат (ВИДЕО)

Погледнете!

Секоја мајка би го поскала ОВА!

Младата мајка Софија се породила во Њујорк, а по породувањето објави видео на Тикток кое сите го коментираат.

Откако се породила, од породилиштето добила подарок – пакет за шминка од луксузниот бренд Шанел.

Кога ќе се породиш во Корнел во Њујорк, ти ја даваат оваа шанел-чанта со шминка – објаснува Софија во видеото во кое ја покажува содржината на чантата во која се наоѓаат подароците.

Како што вели, заборавила да го отвори подарокот во породилиштето, па го направила тоа дури кога се вратила дома, а сè снимила со камера и објавила на TikTok.

Во видеото кое има околу два милиони прегледи, Софија вади од торбата шише парфем вредно 90 долари, потоа кармин кој чини 45 долари и маскара 38 долари, пренесува NY Post. Заедно со подарокот, таа добила и картичка од „Шанел“, во која има пофалби за Одделот за акушерство и гинекологија за грижата за здравјето на жените.

@jenmfjuice Having a great time over here #ptsd #chanel #childbirth #horror #terrifying #therapy #ppd #caymanjack #margarita #mama #toddler ♬ original sound – Jennifer Boyd

Ако се прашувате зошто пакетите „Шанел“ се делат во породилиштата, еве го одговорот: во мај 2004 година, болницата Корнел доби 1,5 милиони долари од Шанел за „извонредни достигнувања во акушерството и гинекологијата“, а оттогаш модниот гигант им дава посебен подарок производи за убавина и нега на кожата на сите жени кои се пораѓаат во оваа болница.

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.